Видео
Audi Q5 Sportback: Спортски, практичен и елегантен [2*видео]
Audi по втор пат го престави новиот Q5 Sportback – овој пат и со неговите европски спецификации.
Audi ни ги сервираше првите информации за Q5 Sportback уште во септември, но во ограничена форма, главно оние поврзани со американскиот пазар.
Па, да започнеме од нив, и тоа од врвот на понудата каде се наоѓа – некој од вас ќе погоди, друг нема да верува – дизел модел.
Со ознака SQ5 Sportback TDi тој запоседна таму со своите 341 KS и дури 700 Nm кои ги извлекува од трилитарскиот V6 мотор.
Со нив ги фаќа првите сто километри на час за 5,1 секунда и нема да застане до максималните 250, кога електрониката ќе му каже дека е доста.
Кој сака понормален мотор ќе може да бира меѓу два дизела и еден бензинец, чија моќност се движи меѓу 204 и 286 коњски сили, сите исто така со блага хибридна технологија.
Како и нормалниот Q5, и оваа негова трендовска изведба со купеовска линија на покривот ќе се произведува во Мексико, а ќе започне да се продава во првата половина на идната година.