EV
Audi Q5 e-Tron – Голем, електричен и убав
Audi Q5 во оваа генерација е присутен на пазарот од 2017-та, но тукушто претставената негова e-Tron изведба е нешто сосема поинакво.
Според габаритите, Audi Q5 e-Tron има димензии отприлика колку e-Tron – должина од 4,9 и меѓуоскино растојание од безмалку 3 метри.
Технички е брат-близнак на Volkswagen ID.6, но зачинет е со врвни опции, меѓу кои се и трите реда седишта кои може да ги има 7 или 6 во полуксузната изведба.
Во кабината нема изненадувања – амбиентот веќе е виден кај Q4 e-Tron, а батериите со капацитет од 83,4 kWh му обезбедуваат автономија од околу 560 km.
Audi Q5 e-Tron ќе биде достапен во две верзии – со еден електромотор со 204 KS и погон назад и со два електромотора со вкупни 312 KS и 4×4 погон.