EV
Audi e-tron GT (2020): Електрификација на Инголштат
Редовната годишна конференција, Audi ја искористи за претставување на првите скици на идниот електро-спортист кој се очекува во 2020 година.
Првите скици јасно ја дефинираат намерата. Audi e-tron GT со елегантна и динамичка линија и четири седички позиции, силно ќе ги следи Gran Turismo премисите. Разликата ќе се порави во однос на погонот; тој ќе има целосно електричен погон. Иако, судејќи според пропорциите, потсетува на А5, сепак двата модела немаат ништо заедничко.
Плановите за целосна електрификација на своите модели, премиум производителот од Инголштат, јасно ги дефинира.
До крајот на годината треба да бидат испорачани првите примероци на e-tron quattro, следната е резервирана за e-tron sportback додека со спортското купе e-tron GT ќе се комплетира првата фаза од формирање на Е-семејството, возила кои ќе се движат исклучиво со погон на електрична енергија.