Во светот
Audi A9 е-tron e луксузнен електричен седан предвиден за 2024 година
Audi планира контра одговор на Mercedes-Benz EQS и целосно електричните верзиии на идните Jaguar XJ и BMW серија 7.
Тоа се двете фиксни позиции кои се заеднички за сите производители кои сакаат да останат во глобалната игра.
Audi во своите планови предвидува до 2024 година да претстави 20 модели кои ќе се движат само на електрична енергија.
Во тие планови се предвидува и дебитирање на голема лимузина која би била знаменосец на целата гама – Audi A9 е-tron.
Иако сеуште е рано да се шпекулира со изгледот, Autocar шпекулира со стилот на концептот Audi Aicon од 2017 година. Според изворот, тоа сугерира дека некои дизајнерски решенија ќе бидат видени и во серискиот модел.
Тука пред се се мисли на големата стаклена површина која драматично отскокнува од стилот на актуелниот А8 иако се верува дека меѓуоскиното растојание ќе биде идентично со него.
Моментално во оваа класа сеуште нема конкуренти, но тие веќе на големо се тестираат, па затоа ќе биде интересно да се види дали Mercedes-Benz EQS и електричните верзиии на Jaguar XJ и идниот BMW серија 7, ќе останат на класичните интерпретации на луксузни седани или пак ќе направат некој дизајнерски исчекор каков што планира Audi.
За техничките специфики сеуште никој не истрчува со конкретни бројки, но кај целосно електричните возила перформансите се тесно поврзани со типот и капацитетот на вградените батерии. Но, можеби токму на таа позиција во блиска иднина ќе бидеме сведоци на некои револуционерни решенија.
Засега се знае дека Audi A9 е-tron ќе биде изграден врз платформата на J1 на која лежи и свежо претставениот Porsche Taycan.
Foto: Autocar