EV
Audi претстави моноволуменец со неизвесна иднина
Третиот концепт на Audi од „сферичната“ серија својата премиера требаше да ја има на салонот на автомобилите во Пекинг, кој (повторно) е одложен.
Можеби и затоа се споменува дека е наменет за Кина, бидејќи тешко е да се поверува дека марката вакво нешто би понудила во Европа или САД.
Во својата пространа внатрешност ги обединува луксузот на целосната приватност и сеопфатната понуда на напредни технолошки решенија предводени од автономните технологии од 4 ниво.
Ја користи напредната PPE платформа конструирана за поголемите електрични возила чии батерии од 120 kWh обезбедуваат автономија од 750 km.
Двата електромотора на сите четири тркала испорачуваат вкупно 400 KS, а поддржаните полначи од 270 kW за 25 минути ќе ги наполнат батериите до 80%.