EV

Audi од 2026-та ќе лансира само електрични модели

Објавено на

 

Крај на производството на возила со мотори со внатрешно согорување – извршниот директор на Audi Маркус Дисман најави дека марката е подготвена да го направи одлучувачкиот чекор во електричната иднина.

Тој треба да се случи во 2026-та година кога ќе биде претставен последниот модел со класични мотори – оттогаш натаму сите нови ќе бидат електрични.

Тоа значи дека од 2033-тата дефинитивно ќе се збогуваме со TSi и (веројатно нешто порано) со TDi ознаките кои ќе стојат покрај четирите преплетени прстени на Audi.

Ова е дел од заложбите на премиум марката од Инголштат за стратешко престројување со кое се забрзува преминувањето кон е-мобилноста.

Но, бидејќи секогаш има некое но, ова нема да се однесува за моделите кои нема да се продаваат во западните земји – Кина и понатаму ќе го познава Audi онаков каков што е сега.

Да потсетиме, германскиот производител во моментов има четири електрични модела (со повеќе нивни изведби) – e-Tron, e-Tron GT, Q4 e-Tron и само за Кина Q2L e-Tron.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.