Во светот
Aston Martin Valhalla – нова хибридна ѕверка
После долго чекање, Aston Martin конечно го претстави Valhalla, суперспортски модел со централно поставен хибриден мотор.
Исто како и Valkyrie и тој е направен во соработка на Aston Martin со Red Bull Racing, но за разлика од него кој е тркачки ориентиран, Valhalla е повеќе погоден за секојдневно користење.
Германската твин-турбо технологија ја испраќа својата сила на задните тркала, додека пак струјата ги задвижува предните.
Кога работат заедно до првите 100 километри на час ќе стигнат за 2,5 секунди, а максимално овој уличен тркач може да го потераат до 330 km/h.
Импресивниот дизајн на Valhalla е резултат на усовршената аеродинамика која при 240 километри на час генерира уверливи 600 kg сила на прилепување.
Ослонувањето и карбон-керамичките brake-by-wire сопирачки се инспирирани од технологиите од формула 1, а пневматиците специјално ги има развиено Michelin.
Седиштето е фиксно и за доволен комфор управувачот се подесува, а за комплетирање на задоволството Valhalla е опремен со инфо-забавен систем, двозонска клима и друго.
Aston Martin сé уште нема објавено како изгледа внатрешноста, а непознати се и термините за испорака и цената.