EV
Aston Martin AMB 001: Дали е ова новиот мотоцикл на агентот, 007? (ВИДЕО)
Првиот мотоцикл на Aston Martin ќе биде произведен во серија од само 100 примероци кои ќе се продаваат по цена од 100К Британски фунти.
Тоа е легитимно прашање кое бара одговор директно од стратезите на славната Британска марка.
Тоа што ние можеме да го видиме од првите промотивни снимки е вдахнувачки мотоцикл кој интензивно се тестира во Франција пред септемвриското појавување во јавност.
Под прекрасно дизајнираните елементи поставен е V-twin мотор од 997 кубика. Спецификата се крие во фактот што за постигнување на максималните 300 км/ч на моторот му помага турбо компресор. Силината се пренесува преку менувачка кутија со шест степени на пренос.
Поради контролирање на тежината и постигнување голема цврстина, шасијата е изработена од егзотични материјали како што се специјалните карбонски влакна и титаниумот. Покрај ограничената серија, употребата на скапите материјали е уште едно оправдување за високата цена.
При проектирањето на мотоциклот помош е побарано од британските специјалисти, Brough Superior а за рачната изработка е задолжена работилница од Тулуз, Франција. Среќниците што ќе успеат да дојдат до примерок од егзотичниот ендуро тркач ќе добијат и бонус во вид на повеќе-димензионална ексклузивност.