Специјална можност за најверните клиенти на Aston Martin која може да ја искористи само еден – да се купи резиденција дизајнирана токму од британскиот производител на автомобили.
Имотот се наоѓа на местото Силван Рок во долината на реката Хадсон на периферијата на Њујорк.
Распослан е на дури 22 хектари површина, а самиот дом за живеење е предвидено да има 556 квадратни метри.
Главниот објект со четири спални соби и шест бањи ќе има впечатлива и футуристичка форма со црни површини, аголен покрив и огромни стаклени површини.
Во стакло е и гаражата за три автомобили, што ќе му овозможи на идниот сопственик да им се восхитува на своите возила.
Предвидени се уште и базен од 81 квадратен метар и три помошни објекта за гости со вкупен простор од 1.46 квадратни метри.
Сликата треба да ја заокружат луксузна куќичка на дрво, градина за одгледување зеленчук и мноштво патеки за пешачење.
Сето ова треба да биде изградено до 2022 година, а ако некој сака Aston Martin во пакет (но со доплата) може му испорача и DBX во инокс црна боја која се вклопува во целокупниот амбиент.
Aston Martin не е ново име во светот на дизајнирањето домови – веќе дебитираше со апартманите во една зграда во Мајами, Флорида, кои ги распродаде по цени кои почнуваа од 600.000 долари за 65 квадрати.