Актуелен Миг
Argus Trophy 2021 наградата оди во рацете на Peugeot e-2008
Доделувањето на годинешните награди на Agrus Trophy се одржа на дигитална платформа, а во истиот тој совемен стил доминираа технолошки напредните електрични возила.
Во категоријата на електрични SUV возила, Argus Trophy нагарадата ја доби Peugeot e-2008, што претставува особена чест за францускиот производител. Барем така изјавуваат од Peugeot, и притоа акцентираат дека нагарадата доаѓа во време на енергетска транзиција на погонските единици.
Дизајнот на возилото е уште еден силен аргумент во пазарниот настап – тој едноставно е прекрасен.
Во целосно електричното опкружување возачот заедно со сопатниите можат да уживаат во висок степен на функционалност, без било какви шумови и вибрации. Во 2020 година, во Франција се продадени повеќе од 66.000 единици од моделоет 2008, од кои скоро 10% беа електрични.
„Само што ја преземав функцијата извршен директор на брендот, јас сум многу горда и почестена што ја примивмe наградата Argus Trophy за Peugeot e-2008. Добивањето на овој трофеј е јасен доказ за моќта на заведување на овој модел и ги наградува неговите извонредни перформанси.
Тој исто така е совршено усогласен со нашата енергетска транзиција бидејќи 100% од нашата гама ќе се електрифицира до 2025 година“ – рече Линда Џексон, новиот извршен директор на марката Peugeot.
Оваа награда ја додели жири составено од 18 стручни новинари во категориите Rating и Argus. Рангирањето се одредува според следниве критериуми: набавна цена на ново возило, преостаната вредност, потрошувачка и услуги при употреба (квалитет, комфор, задоволство при возењето и дизајн). Peugeot e-2008 го освои првото место на подиумот пред Audi e-Tron Sportback, Mazda MX-30 и Volvo XC40 P8.