Во светот
Aptera 3 EV: Со едно полнење до 1.600 километри [видео]
Малата Американска компанија изработи електричен автомобил со три тркала кој во максималната верзија само со едно полнење на батериите може да помине до 1.600 километри.
Две седишта, три тркала и малку необичен дизајн се трите позиции по кои Aptera се разликува од напливот на батериски електрични модели.
Токму необичните пропорции се една од значајките на моделот Aptera 3; коефициентот на аеродинамика од неверојатно ниските 0.13 овозможува глатко лизгање низ воздухот трошејќи само 100 W (вати) енергија за поминување на 1 милја (cca 1.61 km).
Кога на тоа ќе се додаде пакетот батерии за капацитет од цели 100 kWh станува јасно како тоа возилото, со тежина од еден тон, може да помине 1.600 km само со едно полнење на батериите.
Во максимизирање на автономијата свој допринос даваат и соларните батерии сместени на кровот кои помагаат со 64 километри, а ако сопственикот инсистира тогаш може да се вградат додатните панели на хаубата и задниот дел кои помагаат со уште 39 километри.
Освен најкапацитетната Aptera 3 производителот нуди и батериски варијанти со капацитет од 25 kWh (домет 402 km), потоа 40 kWh (домет 644 km) и 60 kWh (домет од 966 km), се разбира говориме за едно полнење на батериите.
Во зависност од капацитетот на батериите Aptera 3 ќе носи електромотори со различна силина. Достапните податоци говорат за забрзување до 60 mph (96 km) кое трае 3,5 секунди
На домашниот, американски пазар цените започнуваат од 25.900 за моделот со најмал капацитет на батерии, па се до шпицен-моделот за кога треба да се издвојат 46.000 долари.
Нарачки се примаат од денес (12.07.) па ако некој нашинец во Америка е заинтересиран, ќе треба брзо да реагира!