Актуелен Миг

Alfa Romeo Tonale: Симбиоза на спортот и електрификацијата

Објавено на

 

Tonele е технолошки најнепредната „алфа“ до сега. Автентичната хибридна технологија е ставена во функција на системот „zero to zero“ односно од нула електрификација кон нулто загадување на околината.

Alfa Romeo ја живее својата технолошка пролет. Кон актуелните Giulia и Stelvio сега се приклучува и Tonale, SUV од компактната класа.

Штотуку претставениот модел, и тоа во специјална Edicione Speciale едиција, пристигна и на нашиот пазар и веќе го краси салонот на домашниот увозник.

Се би поминало во вообичаениот ред на претставување доколку Alfa Romeo Tonale не претставуваше драматична технолошка пресвртница во новата ера на „алфа“ започната во рамки на големото семејство на Stellantis.

Ако притоа се задржи и стекнатиот имиџ на врвен спортски бренд, тогаш успехот е тука, на дофат на рацете.

Извесната перспектива првенствено за заснова на најновата технологија при што електрификацијата и конективноста се ставени во функција на спортските искуства.

Во „алфа“ говорат за метаморфоза на карактерот, а аргументите за тоа ги наоѓаат во секој наново дизајниран употребен склоп.

Mild hybrid кој ја надминува сопствената дефиниција

Во суштина Mild hybrid технологијата ја познаваме како систем во кој функционира склопот мотор-генератор, првенствено наменет за покренување на моторот, а како секундарна функција се јавува ослободувањето на акумулираната електрична енергија за придвижување на останатите потрошувачи.

Инженерите на Alfa Romeo користат турбо (VGT) бензиски мотор од 1,5 литри со силина од 130 КС и 240 Nm (во посилната изведба, 160 КС) кој го комбинираат со електромотор од 15 kW (20,5 КС) и 55 Nm, a кој работи под напон од 48 волти.

Димензионирањето на електромоторот дозволува возилото да се движи и кога бензинецот не е во погон. Тоа најчесто се случува при тргнување на возилото, но не помали се и страничните заштеди.

Освен за тивко пoкренување на моторот, акумулираната регенеративна енергија помеѓу останатото се користи и за погон на турбо компресорот, потоа за управувачот, пумпите, како и за системот на сопирање (by wire).

Делот за генерирање на електричната енергија ќе го затвориме со констатацијата дека таа се создава не само од инерцијалните сили туку и при работа на бензискиот мотор. Тоа ја прави големата разлика од постојните технолошки решенија.

Конективност

Големите LCD екрани веќе се одомаќија кај сериските возила. Овде ги има два на број со вкупна големини од 22,5 инчи. И на ова поле со Tonale се прави разлика која се состои во NFT дигиталниот сертификат.

Накратко, тоа е чип кој се активира веднаш по купување на возилото, а кој ги бележи сите параметри при целиот работен век. Таа технологија овозможува само отчитување на вредностите но никако не и нивна промена.

Врвниот аудио систем, безжичното полнење и континуираната конекција со големите дигитални платформи, во оваа класа на возила, сами по себе се подразбираат.

Постигнувањата низ бројки

Максималната брзина која ја постигнува Alfa Romeo Tonale е поставена на респектабилните 200 км/ч. Возилото со вкупна тежина од 1.525 kg забрзува за 9,6 секунди и притоа според WLTP нормите троши помеѓу 5,7 и 6,1 литри за поминување на 100 километри.

При поставувањето на идеалната работна точка, контролната електроника се повикува на електромоторот кој ја пружа својата несибична помош.

Уште да кажеме дека вкупната должина е задржана на 4.528 mm а конструкцијата е поставена на меѓусокино растојание од 2.636 mm. Ако последнава бројка ви делува познато, ќе да сте во право.

Да, да не заборавиме дека Edicione Speciale  е крцата со опрема, но за попрецизни информации ќе мора да се обратите кај домашниот увозник.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.