Во светот
Alfa Romeo: 110 години исполнети со емоции (ВИДЕО)
Со повторно отварање на историскиот музеј во Аресе, но и со премирно прикажување на Giulia GTA, Alfa Romeo свечено ја започна прославата на 110-годишнината од своето постоење.
Токму тој пристап го употреби и Alfa Romeo при прославата на 110-годишнината од постоењето. А Алфистите навистина има со што да се пофалат.
Прославата беше започната со повторно отварање на историскиот музеј во Аресе каде што на постојните 200 експонати им беа додадени уште 150 вредни примероци.
За прв пат, во истрискиот музеј се најдоа и освоените трофеи, уметнички инспирираните дела, како и моторите за патни возила, аеронаутика и програмот на бродска мобилност.
Почитувајќи ги сите препораки на здравствените работници, за посетителите на музејот е организирана виртуелна видео презентација при што во детали можат да се разгледаат сите експонати.
Разгледувањето започнува од првите модели Alfa Romeo 20/30 ES за да на крајот заврши со спортскиот програм, односно болидите кои се возат во Formula Indy и Formula 1.
Присуството на актуелните пилоти од F1, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци беше сосема очекувано ако се знае дека првата трка од светскиот F1 шампионат, одржана 1950 година, ја има добиено токму Alfa Romeo Gran Premio Tipo 158 Alfetta со легендарниот Нино Фарина зад воланот.
За да се долови актуелниот миг кој го живее брендот, се погрижи Giulia GTA која во најновата верзија испорачува 540 КС.
Тоа го прави со V6 bi-turbo мотор од 2.9 литри, а за постигнување на врвни спортски перформанси заслужна е и намалената тежина за 100 килограми.
Инаку во музејот ја има и првата Giulia GTA (Gran Turismo Alleggerita) од 1965 година, па посетителите можат да направат убава споредба на оригиналот и неговиот импресивен наследник.
текст: Агрон Сулејман
фото&видео: Alfa Romeo