Unite Gallery Error:

Gallery with alias: AlfaRomeoProslava not found
Alfa Romeo учествуваше во прославата по повод Денот на Републиката на Италија - Autoinfo.mk

Актуелен Миг

Alfa Romeo учествуваше во прославата по повод Денот на Републиката на Италија

Објавено на

 

Giulia и Stelvio новите модели на Alfa Romeo автентично го доловија духот на Италија при прославата на Денот на Републиката.

Моделите на прославената италијанска спортска марка, Alfa Romeo ги пречекаа бројните гости на централната прослава по повод Денот на Републиката во организација на Амбасадата на Италија, која вчеравечер (31.05.) се одржа во комплексот “Македонско Село”.

На прославата беа изложени моделите, Giulia и Stelvio, кои автентично го доловија единствениот италијански дух.

Току тој италијански дух, кој освојува на прв поглед, го прославија Alfa Romeo ширум светот како бренд кој креира оригинални ремек дела со воодушевувачки стил, дизајн и технологија.

Giulia е иконата на италијанскиот дизајн. Создавајќи го овој модел Alfa Romeo ги придвижува емоциите во комбинација со богатата историја и магичниот микс од врвна технологија, перформанси инспирирани од брзина и заводнички стил.

Оваа италијанска убавица е резултат на 106 години посветени на создавање на карактерни автомобили кои го одземаат здивот.

Stelvio е првиот SUV на Alfa Romeo, креиран за да ги исполни највисоките очекувањата за спортско задоволство при возењето. Единствена комбинација од удобност и флексибилност на еден SUV со нескротливиот спортски дух кој може да го понуди само Alfa Romeo.

Секој детаљ е замислен да ја подобри аеродинамиката и да ги нагласи перформансите на Stelvio, и тоа да го изведе суптилно и без драматизирање.

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.