Во светот

AG 20: Русин за сите терени (видео)

Објавено на

 

Конструкторот на првиот „Шерп“ ја развива својата оригинална идеја со приказ на усовршена верзија, AG 20.

За големите Руски пространства потребни се возила кои ќе бидат способни да се справат со големите пространства и суровите временски прилики.

Затоа и разните преработки на „УАЗ“, „ГАЗ-66“, „КамАЗ„ како и на војните БТР и БМП, се сметаат повеќе за потреба отколку за технолошки егзибиции.

Пред неколку години се појави „Шерп“, необично возило со огромни гуми кои се надувани на низок притисок. Од неговата проодност беа одушевени сите – можеше да се движи по разни терени, но слободно можеше и да заплови.

За делото на Алексеј Гарагашјан се појавија интересенти од од сите континенти. Кон крајот на минатата година оригиналната идеја беше модифицирана и патентирана под името, AG 20.

Појавувањето на новиот хардкор теренец се должи уште на една практична причина – мометално производството на Шерп се одвива во Санкт Петербург кој има силни конекции со својата експозитура во Киев. А како што е познато, Киев е во друга, идеолошки поинаква држава.

Како AG 20 се разликува од неговиот веќе добро познат брат? Однадвор, во смисла на целокупниот распоред и начинот на надминување на пречките, новото возило е многу слично на Шерп.

Но, во внатрешноста на AG 20 има забележително зголемен простор – сега во него можат да се сместат до 11 патници. А тоа е исклучително важно за истражувачки мисии, екипи за спасување или за транспорт на воени лица. Не помалку важен е и податокот за носивоста на товарот кој говори за точни илјада килограми.

Механичката група е составена од дизелски агрегат (малку чудно, но така е) кој го испорачува Kubota. Неговите 1,5 литри ослободуваат 44 КС кои се доволни за брзина од 45 км/ч, и пловење по вода со 6 км/ч. За преносот на двете оски е задолжен рачен менувач со 5 степени.

AG 20 веќе оди во серија, освен Руската армија за него се заитересирани и многу други институции, како и авантуристички настроени поединци.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.