EV
ABT Audi RS6-E Concept: Караван со 1.005 КС
ABT Sportsline, тјунинг компанијата задолжена за подготовка на болидите на Audi во Formula E натпреварите, подготви хибридна верзија на Audi RS6 Avant која располага со збирни 1.005 КС.
Помеѓу останатотот германската тјунерка работилница е задолжена и за подготовка на болидите на Audi кои се натпреваруваат во Formula E – серијата.
Сосема логично делува кога капацитетите за тјунирање на ионака спортските возила ќе се искомбинираат со искуствата стекнати во најбрзиот циркус на електрични возила.
Токму тоа и го направија експертите на ABT. Четири литарскиот V8 битурбо мотор од фабричките 597 го дотераа на експлозивни 720 КС.
Нему му додадоа електромотор со 285 КС што на крајот резултира со најмоќна изведба на еден караван – 1.005 КС. Вртежниот момент кој го добиваат сите тркала (за жал само краткотрајно, само со притискање на копчето Boost) изнесува неверојатни 1.290 Nm.
Хибридната компонента е составена од споменатиот мотор на електричен погон кој се напојува од систем на батерии сместен во багажниот простор кој има капацитет од 13.6 kWh.
Караванот кој вкупно тежи 1.950 kg постигнува импресивни перформанси – од нула до 60 mph стигнува за 3.3 секунди; максимална брзина 320 км/ч – помеѓу другото благодарејќи и на аеродинамичните додатоци кои исто така се дело на ABT Sportsline.
Дали овие искуства ќе бидат искористени од страна на Audi пред се зависи од развојната стратегија на производителот, но во секој случај ABT уште еднаш, овој пат на полето на хибридната технологија, се докажува како партнер со високо технолошки капацитети.