Во светот
Abarth опсипан со награди
Славната италијански бренд кој работи во склоп на корпаорацијата Fiat годинава се заките со серија дизајнерски награди кои пред се се поврзани со моделите 595 и 695.
Поради фактот што први на удар секогаш се промените на надворешноста, не би требало да чуди вниманието со кое се пристапува кон естетските интервенции.
Да бидеме на јасно, секогаш тие промени се пропратени и со адекватни тјунирања кои се тука за додатно бустирање на желбите.
Ќе бидеме неправедни ако ги запоставиме и естетско/функционалните разубавувања на ентериерот, но … но тој момент секако треба да се доживее.
Сето тоа наидува на одличен прием кај стручните екипи, а не помалку и кај купувачите со изострен естетски вкус. Па така, почетокот на годинава како да означуваше старт за доделување на што поголем број признанија.
Главна тема беше новиот Fiat 500 кој преупштен низ мајсторските раце на Abarth се преобразува во модел 595/695.
Токму тој е добитник на “Best Brands” организиран од ревијата Auto Bild.
Потоа се редеа наградите од читателите на Motorsport Aktuell – каде што гласаат читатели од Австрија, Германија и Швајцарија – за да ловриките завршат со прогласување на “Best Car 2020” во Словенија и Унгарија.
Abarth 595 серијата се опремува со мотори кои испорачуваат помеѓу 145 и 180 КС, додека серијата Abarth 695 70° Anniversario, е резервирана за 70-годишнината на Abarth и ќе се произведе во само 1949 примероци. Погодувате зошто, нали?