Во светот
2022 LQ ќе биде новиот SUV-знаменосец на Lexus
Комбинирајќи елементи од луксузните седани LS и LC Coupe, новиот LQ би требало да донесе нова димензија на луксузот во SUV понудата на Lexus.
Честа да ја предводи SUV дивизијата му припаѓа на Lexus RX кој засега е синоним за луксуз, и не само тоа туку и статусен симбол ширум светот.
Тоа како да не е доволно добро па планерите на премиум брендот на Toyota зачекоруваат во блиската иднина со нов знаменосец кој ќе ја носи ознаката, Lexus LQ.
Како што може и да се очекува тој ќе биде поставен на механичка основа преземена од седанот LS.
Од таму ќе бидат позајмени и моторите – основниот V6 бензинец со двојно турбо полнење од 416 КС како и неговата хибридна верзија со 354 КС. Секако може да се очекува и врвниот V8 со преку 600 КС.
Одлуката за сериска понуда на Lexus LQ е донесена по детална анализа на најголемите светски пазари каде што е констатирана потреба од SUV со големи димензии.
Покрај тоа, тој треба да биде технолошки супериорен и можеби најважно во оваа класа, да биде врвно опремен и да понуди чувство на уникатно луксузно опкружување.
Очекуваната цена на Американскиот пазар ќе се движи помеѓу 80 и 100 илјади долари, што само по себе имплицира социјална селекција на купувачите.