Актуелен Миг
BMW X2: Нов член во X-семејството
Баварскиот производител плански ја дополнува гамата на своите X-модели. Лубителите на марката имаа можност одблизу да се запознаат со BMW X2 кој се сместува точно помеѓу помалиот X1 и поголемиот X3.
А растот на продажбата, без разлика со кој модел е постигнат тој раст, претставува елементарна цел на сите производители. И на тие од премиум сегментот, секако.
Со оваа проверена рецептура обилно се користат и премиумците од BMW. Ако основните X-модели се означени со непарни броеви тогаш нивните купе изведби ги користат парните, и тоа како целосно нови модели.
Таа аналогија очигледно е искористена и при конструирањето на новиот член на баварското SUV-семејство.
„BMW X2 е автомобил наменет првенствено за урбани луѓе кои водат активен живот и се целосно поврзани со дигиталниот свет. BMW X2 никогаш нема да го изневери својот уникатен карактер, тој е индивидуалист кој се издвојува од толпата.
Кога станува збор за системите за помош на возачот, BMW останува доследен и кај ново пристигнатиот, X2. Како пример нека послужат, асистентот Traffic Jam кој го олеснува обемот на работа на возачот во здодевниот стоп/старт сообраќај низ пренатрупаните коловози.
Овој систем е дел од опцискиот Driving Assistant Plus, кој се состои од серија системи за помош при возењето кој овозможува автоматско забрзување, сопирање, оддржување на лента со помош на камера.
Кај новиот BMW X2 ќе бидат достапни два дизел и еден бензински мотор, а од крајот на месецов, понудата ќе биде збогатена со уште еден бензиски и еден дизел агрегат со помала моќност и можност за погон само на предна оска.