Меѓу бројните автомобилски јубилеи во оваа 2021-ва е и 110-годишнината од симболот на Rolls-Royce, прочуената статуетка Духот на екстазата.
Ја создаде англискиот скулптор Чарлс Сајкс опчинет со убавината на Елеонор Торнтон по нарачка на нејзиниот љубовник баронот Монтагу кој сакал да го украси сопствениот автомобил.
Rolls-Royce веднаш потоа ја понудил и на останатите купувачи на своите возила како додаток со доплата, но ретко кој од нив не се одлучил за летечката лејди.
Сé до 1939 година самиот Сајкс со помош на неговата ќерка рачно ги доработувал сите статуетки кои на почетокот биле посребрени, а потоа за да не се крадат се правеле од легура на никел или хром.
Таа денес не може да се украде бидејќи е поставена на механизам кој автоматски ја вовлекува во посебно куќиште во маската кога ќе се приближи раката до неа.
