Во светот
Џепна ракета – Toyota iQ со мотор од Kawasaki Ninja!
Се појавија фотографии на еден луд проект направен наменски за салонот на автомобилските преработки кој ќе се одржи во Токио идниот месец.
Не е познато како е дојдено до оваа идеја да се смести мотор од Kawasaki Ninja ZX-14R во малиот Toyota iQ, но нејзината реализација е неверојатна.
Напред се сместени пар тркачки седишта, трокрак Momo управувач и прилагодена инструмент табла, а издувните цевки се извлечени низ задните странични стакла.
Надворешноста е доста агресивно обработена со светла од GR Yaris, огромен браник напред, бочни прагови, капак на моторот од карбон и дискретен заден спојлер.
За жал, нема ниту збор за можностите на оваа џебна ракета.