Анализи
Ќе нема чипови до 2024
Нема да биде добро – се продолжија прогнозите за траењето на црните денови за автомобилската индустрија.
Главниот финансиски директор на Volkswagen, Арно Антлиц, очекува недостатокот на чипови да се растегне до 2024 година.
Ситуација би требало да се подобри во идната 2023-та, ама структурните проблеми сé уште нема во потполност да бидат решени.
Според него, производителите на чипови нема да можат да се носат со зголемената побарувачка до средината на деценијата.
Слични, скоро идентични прогнози има и BMW, така што не треба да очекуваме дека работите ќе се стабилизираат во наредниве две-три години.