Во светот
Ќе изгледа ли SsangYong X200 навистина вака?
И покрај сите проблеми, SsangYong решително гази кон неизвесната иднина со нов дизајнерски јазик и уште еден електричен модел.
Моделот со кодна ознака X200 чиј изглед е инспириран од првобитниот Korando треба да ја насочи гамата на SsangYong кон повторна интерпретација на долгогодишната сопствена SUV традиција.
Овој дизајнерски јазик е наречен Powered by Toughness односно ‘Задвижуван од цврстината’ и како контраст ја враќа познатата робусност.
Јасните структури со мешавина на сила и рустикален ретро момент се извајани во модерен изглед кој треба да привлече различни групи купувачи, како според вкусот така и географски.
И повторно се среќаваат сличности со некои понови модели на Jeep, но сега во далеку посовремена и пософистицирана форма.
Необјавувањето никакви детали за него треба да придонесе за зачувување на мистичноста, што е една од картите со кои ќе игра SsangYong.