Во светот
Ќе биде август добар или лош месец за Hyundai?
Уште не започнал, месецов за Hyundai ќе донесе неколку пресврти.
За ваквата оценка истовремено придонесоа две вести, една од Канада, втората од Русија.
Причината е слабата продажба, за која како виновници директно се посочуваат новите кросовери на марката.
Со право, затоа што од 2017-тата кога се појави Kona, продажбата на Accent кој 10 години по ред беше најпродаван субкомпактен модел во земјата опадна за 54 отсто.
Седан верзијата сепак ќе остане во понудата на Hyundai.
Втората вест која доаѓа од Русија, е попријатна за корејскиот производител. Имено, руските антимонополски регулатори одобрија Hyundai да ја купи фабриката на General Motors во Санкт Петерсбург.
Детали за зделката не се објавени, но со неа Hyundai ќе ги зголеми своите капацитети во Русија за 50 отсто, односно за уште 100.000 возила годишно. Корејската група сега таму ги произведува популарните Hyundai Creta и Solaris, како и Kia Rio.
Погонот на GM е релативно нов – изграден е во 2008 година, но затворен во 2015-тата, како дел од стратегијата на американската компанија да го намали своето меѓународно присуство.