Видео
Што и да е, само на струја да е [видео]
Американците имаат нова играчка – електричниот едносед со три тркала Solo.
Го нуди канадската компанија ElectraMecannica Vehicles со седиште во Ванкувер, а се произведува во Кина.
Последното одложување беше заради промената на локацијата каде ќе се произведува – првичната идеја беше Калифорнија, но не успеаја да добијат државни субвенции за тоа и отидоа во Кина.
Концепцијата му е необична и дискутабилна: долг е 3,1 метри, има само едно седиште (заради што се вика Solo) и три тркала – две напред и едно назад.
За погон користи електромотор од 54 KS кој му обезбедува максимална брзина од 130 km/h, а батериите од 17,3 kWh автономија од околу 160 километри.
Тежок е само 775 kg, а сериската опрема меѓу другото вклучува серво управувач, клима уред, Bluetooth систем за забава…
Цената во САД му изнесува дури 18.500 американски долари, а компанијата се надева дека ќе продава по 20.000 примероци годишно.
Нека им е со среќа!