Брзото возење секаде се казнува, но некаде помалку, некаде повеќе, а некаде драстично.
Тоа посебно важи за Швајцарија, каде висината на казната не зависи само од пречекорената брзина туку и од примањата на возачот.
Тоа на своја кожа го почувствува еден од најбогатите Швајцарци Ернесто Бертарели тежок 15 милијарди франци, кој возел 88 km/h на место каде ограничувањето е 50 km/h заради што добил казна од дури 310.000 франци.
И добро поминал – можел да биде казнет и повеќе бидејќи според тамошните прописи ако некој во населено место вози до 24 km/h повеќе, ќе плати казна од 660 франци, но за поголема брзина казната зависи од примањата.
Така, ако вози побрзо меѓу 25 и 29 km/h казната е 20 негови дневни примања, за 30 до 39 km/h, како во случајот со Бертарели, следи казна од 70 дневници, а за возење над 40 km/h нема да платите ништо помалку од 120 дневни плати.
Кај нас казната за истиот прекршок е 300 евра и три до шест месеци забрана за возење.