Во светот

Чуден проблем со цените на горивата во Турција

Објавено на

 

Скапите деривати секаде и од многу аспекти се проблематични, ама она што ќе ги снајде Турците е навистина чуден проблем.

Имено, моменталната цена на бензинот во Турција е 7,90 лири а на дизелот 8,20, со нескриена тенденција за зголемување.

Но кога тие ќе дојдат до 9,99 лири, бензинските пумпи во Турција нема да можат да точат гориво затоа што не можат да прикажуваат поголема цена од таа.

А дека ќе се случи тоа ќе се случи, бидејќи ем нафтата на светските берзи незапирливо расте, ем инфлацијата во Турција се зголемува.

Затоа вистинското прашање е колку трговците со деривати се подготвени за кратко време да ги заменат или приспособат сите апарати низ земјата.

А тие, како што можете да претпоставите за земја со 84 милиони жители, 25 милиони возила  и 65 илјади километри патишта, не се воопшто малку.

Инаку, за 1 евро во Турција се добиваат нешто повеќе од 11 лири, па сами пресметајте колку чинат горивата таму.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.