Анализи

Чипови има – нови автомобили нема

Објавено на

 

Со почетокот на пандемијата започна дефицитот на нови возила. Главен виновник за кризата беше прогласен недостигот на чипови.

Веќе трета година по ред цената на новите автомобили непрестано расте.

Расте затоа што производството е намалено, па новите возила станаа дефицитарен производ.

При такви услови растот на цените е единствен економски механизам кој ја има моќта на регулација помеѓу понудата и побарувачката.

На почетокот на кризата како главен фактор кој го попречува нормалното производство на возила се наведуваше недостигот на чипови.

Додека производните линии запираа со работа, тие исти добавувачи на чипови непречено ги снабдуваа производителите на комјутери, мобилни телефони, таблети, видео игри,…

Уште цел куп продукти со полупроводнички чипови во улога на есенцијални делови, со несмалено темпо се појавуаа по продажните центри.

Кога се појави проблемот, од ова исто место реагиравме на овие појави, но тогаш бевме обвинувани за поддржувачи на некави светски заговори.

Земајќи ја во обзир вкупната состојба предизвикана од пандемијата, тие обвиненија и не беше тешко да се изречат.

Сега имаме ситуација кога фабриките за чипови го прекинуваат производството поради пренатрупани залихи, а нови автомобили сеуште нема доволно.

Креаторите на „chip shortage“-теоријата сега ќе треба навистина да бидат креативни во објаснувањето на оваа појава.

Секако дека веќе никој нема да поверува во шарените приказни кои, и тогаш и сега, немаа никаква материјална потпора.

Сега се поставува прашањето, зошто немаше и сеуште нема доволно нови автомобили?

Ако се погледнат финансиските резултати на автомобилџиите, лесно се забележува големиот процент на зголемување на добивките. И сето тоа при намалено производство.

Помалку возила, поскапи цени, зголемени приходи. Убаво звучи, нели!

Ако се погледне од друг агол, индустријата се наоѓа среде технолошка револуција, при што треба да се премине од мотори со внатрешно согорување на модели кои се движат само со помош на електрична енергија.

А тоа чини пари, многу пари.

На тоа огромната автомобилска индустрија едноставно е приморана, а регулаторните тела се неумоливи во неосењето на построгите еколошки норми.

Дали зголемувањето на цените е вратата низ која успеаја да го најдат излезот играчите од една од најкоњуктивните индустриски гранки.

Реалноста силно не убедува во тоа.

Автомобили и годинава ќе нема доволно, а и цените не очекувајте дека ќе се вратат на некое поранешно ниво. Минатото не учи дека тоа, за жал, сигурно нема да се случи.

А недостатокот на чипови беше или водење политика преку производи над кои имаат монопол само најразвиените земји или беше само добар изговор за да се наметне новата реалност.

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.