Актуелен Миг
Целосно новата генерација на Citroen C4 веќе изложена во салон
Citroen има нова генерација на компактот C4 која веќе е изложенa во салонот на домашниот увозник.
Промените во однос на претходникот се – драматични. Нема да се најде ниту еден елемент кој би ги поврзувал генерациите.
Од двата изложени модели едниот носи дизелски агрегат од 1,5 литри, додека другиот е опремен со добро познатиот трицилиндерски турбо бензинец од 1,2 литри. И во двата случаи излезната силина изнесува 130 КС.
Познато е дека C4 е изграден врз енергетски универзална платформа која освен споменатите мотори може да биде испорачан и како целосно електрично возило со нулта емисија на штетни гасови.
Впечатоците од првата средба со Citroen C4 во живо претставуваат естетско дожувување од посебен вид. Всушност веројатно говориме за до сега најдобриот C4 што воопшто е направен.
За сега информации околу цените нема (се очекуваат набргу). Ако судиме според првичните впечатоци, компактната класа добива предводник кој според нивото на вградената технологија има нескриени амбиции да запоседне на врвот.