EV
Хрватска домаќин на рели за светскиот шампионат
Желбите на Хрватите да организираат WRC настан кои датираат го години наназад конечно им се остварија.
Планираниот термин е од 22 до 25 април, стартот и целта ќе бидат во Загреб, а релито ќе се вози на подрачјата на загребачката, карловачката и крапинско-загорската жупанија.
Ова доаѓа како резултат на напорите на хрватските автомобилски ентузијасти кои владата ги поддржа уште во 2018 година, но организацијата на WRC настан тогаш ја доби Турција заради избрзаноста на апликацијата на Хрватите.
Се проценува дека успешната организација на WRC Croatia на хрватското стопанство може да му донесе неколку десетици милиони евра.