Во светот
Холанѓаните ги тераат возачите да возат побрзо
И тоа го има – властите во Холандија покренаа кампања со која ги поттикнуваат возачите да возат побрзо.
Кампањата се однесува на патот N34 во покраината Дренте на североистокот на земјата, близу границата со Германија, кој важи за историска рута.
Тоа создава ризици по безбедноста бидејќи преголемата разлика во брзината често доведува до ситуации со опасни кочења и престигнувања.
За да го решат овој проблем властите место да го намалат ограничувањето на брзината се решиле да ги поттикнат побавните возачи да возат побрзо.
Кампањата ќе се одвива на социјалните мрежи, а ќе бидат дистрибуирани и летоци.