Авто Спорт

Формула 1: Одамна не било вака

Објавено на

 

Во еден шаховски напнат натпревар, Макс Ферстапен ја освои шампионската титула.

Пред почетокот на последната трка во формула 1 сезонава сé беше јасно – кој ќе биде подобар, тој ќе ја освои титулата.

Имаше и други математики, ама бидејќи главните и единствени играчи во комбинација за титулата имаа ист број бодови, спортските прогнози беа само такви.

Затоа и стартот на трката во која седумкратниот шампион го презеде водството делуваше малку разочарувачки бидејќи се очекуваше жестока битка.

А таа стигна на самиот крај на после шаховски напнатата трка диригирана од одлуките на организаторот кога да го испрати безбедносното возило на патеката.

Самото негово присуство ги анулираше сите претходно стекнати предности и на крај не победи моќноста на коњските сили, туку моменталната снаодливост.

И неочекувано, Холанѓанецот покажа поголема концентрација во најклучните моменти.

Сер Луис Хамилтон сигурно не беше среќен но не може да биде незадоволен – тој веќе за половина педа го има надминато вечниот Михаел Шумахер.

Сé на сé, годинава следевме возбудлива и на моменти контроверзна сезона која заслужува да биде овековечена со филм за неа бидејќи е одлична приказна со уште подобар крај.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.