Авто Спорт
Формула 1: Лажна трка, вистински бодови
Дождот од трката за големата награда на Белгија во формула 1 направи циркус, но возачите кои за три и нешто часа поминаа три круга, и тоа зад безбедносното возило, сепак добија бодови.
Додуша половина од предвидените, но Макс Ферстапен има цела победа, шеста оваа сезона, шеснаесетта во кариерата.
Дотогаш дождот уште повеќе се засили и условите за возење беа невозможни, но организаторите не попуштија под метеоролошката уцена.
Тие играјќи стратешки според правилата најпрво се повикаа на „виша сила” и го запреа течењето на времето, а после, точно 3 часа и 17 минути по предвиденото, дозволија возилата да стартуваат.
Така Ферстапен ја намали разликата во генералниот пласман на три бода во однос на Луис Хамилтон, кој бранејќи ја титулата се најде на третата позиција, а Џорџ Расел со второто место го оствари најдобриот резултат во кариерата.
Бодови зад него уште освоија и Даниел Рикардо, Себастијан Фетел, Пјер Гасли, Естебан Окон, Шарл Леклер, Николас Латифи и Карлос Саинц.
Годинешниот шампионат продолжува наредниот викенд со трката за големата награда на Холандија, која се враќа во календарот после 1985 година.