Во светот
Флаута и ситар место сирени и труби
Индискиот министер за транспорт има сјајна идеја – да ги замени автомобилските сирени и труби со звуци попријатни за слушање.
Ако се погледне водич за патување во Индија, ќе се прочита дека на странските возачи им се препорачува да заборават сé што научиле и наново да се учат да возат таму.
Затоа и постојаното и иритантно свирење на возилата, иако во суштина ништо не помага, е составен дел од тамошниот сообраќај.
За да го реши овој проблем кој добива неподносливи размери, индискиот министер за транспорт има сјајна идеја – да ги замени звуците на автомобилските сирени.
Тој изјави дека веќе подолго време го проучува ова и наскоро планира да предложи закон со кој сирените на возила треба да звучат како флаута и ситар.
Секако, тоа повторно нема ништо да промени во сообраќајот, но барем ќе биде попријатно за слушање.
Авто-школа не се вози, лекарски преглед не е потребен а се полага теоретски и практичен испит кој се состои од тргнување, вртење лево и застанување после поминати 50 метри.