Актуелен Миг

ФИНАЛИСТ – Автомобил на годината во Македонија 2021: Nissan Juke

Објавено на

 

>>Националниот избор за „Автомобил на годината во Македонија“ годинава се одржува по 26. пат. Согласно условите за учество во Изборот, Националното жири, за 2021 година одбра осум возила кои влегуваат во финалето.

Во тек е он-лајн ( https://coty.mk/#vote ) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на Жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март.<<

Новиот Nissan Juke e подготвен да ја задржи позицијата на еден од најпопуларните crossover модели на планетата што ја заработи една деценија успешна егзистенција на првата генерација.

Неговата атлетска става во вторава генерација добива уште помоќна coupe- crossover форма.

Атрактивната појава е спакувана во габарите со димензии (4.210 x 1.883 x 1.595)mm, делува супер компактно, а благодарение на растојанието помеѓу оските од 2.636 mm нуди комфор за петмина. Згора на тоа и капацитетоt на багажникот е солиден, цели 422 литри.

Впечатливата става со острите линии е потенцирана со поставеност на тркала со димензии кои одат дури до 19 инча, а во интерес на ефикасноста и профитабилноста Јапонците решија да ја редуцираат понудата на агрегати и тоа на само еден турбо бензински мотор.

Станува збор за 1,0 литарски DIG-T агрегат, со три цилиндри што ги редефинира перформансите, со лесен, но моќен електронски контролиран турбо полнач.

Испорачува моќност од 117 КС (180 Nm) вртежен момент што силата ја пренесува на предните тркала (нема опција за погон на сите четири тркала) со шест степен мануелен или седум степен менувач со двојна спојка.

За уживање во возењето тука е селектророт на режими на возење: Standard, Eco и Sport кои знаат да понудат возбудливи уживање во перформансите (Sport), но и извонредна ефикасност на потрошувачката на гориво (ЕCO) додека Standard нуди најдобар баланс помеѓу ефикасноста на горивото и перформансите.

Како можност за вградување на располагање се системите: Intelligent Emergency Braking with Pedestrian and Cyclist Recognition, Traffic Sign Recognition, Intelligent Lane Intervention, Rear Cross Traffic Alert, and Blind Spot Intervention. Cruise Control & Speed Limiter, Lane Departure Warning со Intelligent Lane Intervention, …

Tехнологијата Drive assist (ADAD) кај новиот Nissan Juke овозможува едноставен преглед на сите потребни информации. Со Nissan Pro PILOT внимателно го следи патот и помага да сопрете, забрзате како и

во секој момент да ја превземете контролата врз возилото. Следат Around Pro Monitor System, Nissan Intelligent Mobility нуди постојана конекција ( e –Call system), навигација во реално време, Nissan Conec Service и поврзаност со Android или IOS уред преку Apple Car Play и Android Auto.

Високиот степен на уживање се отсликува и во Bosse Personal Plus аудио системот кај кого се звучниците се вградени во потпирачите за глава на возачкото и совозачкото седиште.

>>Повеќе за Изборот, онлајн гласањето, критериумите и сите досегашни победници посетете ја страницата: www.coty.mk <<

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.