Актуелен Миг

ФИНАЛИСТ – Автомобил на годината во Македонија 2021: Volkswagen Golf

Објавено на

 

>>Националниот избор за „Автомобил на годината во Македонија“ годинава се одржува по 26. пат. Согласно условите за учество во Изборот, Националното жири, за 2021 година одбра осум возила кои влегуваат во финалето.

Во тек е он-лајн ( https://coty.mk/#vote ) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на Жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март.<<

Уште малку, Volkswagen Golf ќе наполни 50 години. Исто толку постои и класата која е наречена по него, а толку време тој е и на европскиот трон како најдобро продаван автомобил на кој никој не ни може да му се доближи, а камо ли да го загрози.

Наследството на сите претходни седум генерации беше обврска како кон 32-та милиони купувачи, така и кон автомобилската историја бидејќи како еден од најзначајните модели тој ја креираше.

Затоа и во проектирањето и развојот на новата осма генерација на Golf кои чинеа 2,5 милијарди евра активно учествуваа дури 180 водечки менаџери на Volkswagen.

Но на прв поглед не сработија многу затоа што дизајнот му е еволутивен, со фини корекции на веќе познатите линии.

Но само на прв поглед – подеталното око ќе ги забележи новите пропорции и стилските измени кои ќе го дефинираат и во иднина. Истото може да се каже и за внатрешноста која иако е поразлична од порано, остана со чисти и технички прецизно извлечени линии.

Затоа пак нивото на технолошки развој кое го донесува Volkswagen Golf е далеку над сите, и на неговите претходници и на конкурентите.

Дигитализацијата владее, бројните асистенти на возачот преземаат сеопфатна контрола над безбедноста, а за задоволството во возењето се грижат новите конективни можности.

Моторизацијата како и секогаш исполнета од почеток до крај. Почетокот е еднолитарскиот мотор со 90 коњски сили, крајот, барем засега, R верзијата со 320 коњи, а меѓу нив бројни бензински, мајлд-хибридни, плаг-ин хибридни, дизел и изведби со погон на природен гас.

Ги има вкупно 18, искомбинирани со мануелни и DSG менувачи, погон на предните или сите четири тркала и петвратни хечбек и каравански каросериски облици. Верзија на струја повеќе нема.

Иако започна револуција во европската автомобилската индустрија, Volkswagen Golf го градеше своето царство на чиј престол остана со благи еволутивни, но квалитативно длабоки промени. Така се менуваше и цената, која надминува 20 илјади евра.

>>Повеќе за Изборот, онлајн гласањето, критериумите и сите досегашни победници посетете ја страницата:  www.coty.mk <<

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.