Актуелен Миг
ФИНАЛИСТ – Автомобил на годината во Македонија 2021: Seat Leon
>>Националниот избор за „Автомобил на годината во Македонија“ годинава се одржува по 26. пат. Согласно условите за учество во Изборот, Националното жири, за 2021 година одбра осум возила кои влегуваат во финалето.
Во тек е он-лајн ( https://coty.mk/#vote ) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на Жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март.<<
Токму на таа формула е базиран успехот на Seat Leon, кој во својата четврта генерација е пригушено поагресивен и во однос на претходникот, и во однос на Golf.
Подолг е за 86 mm но малку потесен и понизок, а меѓуоскиното растојание нараснато за 50 милиметри ветува помалку главоболки за патниците назад.
Главната карта на која играат Шпанците се емоциите во дизајнот кој е доволно атрактивен да привлече секого, без разлика колку му се допаѓа неговата спортската душа, и тоа исклучиво по заслуга на складноста на линиите.
Иако исто така е базиран на минималистичкиот стил, исчекорот во внатрешноста е похрабар, посебно во повисоко опремените верзии. Во нагласените остри линии се вплетени бројните технолошки додатоци, кои престојот во кабината го прават попријатен.
Верзиите со 110 и 150 KS се достапни и со 48-волтна хибридна поддршка, а онаа со 130 коњи и со погон на природен гас.
Не се заборавени ниту љубителите на дизелите на кои на располагање им се дволитарските TDi агрегати со 115 и 150 коњски сили.
Врв на понудата е плаг-ин хибридот чија основа е 1,4 литарскиот TSi, со максимални 204 коњи и батериски пакет со капацитет од 13 kWh кој овозможува електрична автономија од 60 километри. Понудата е заокружена со изборот на мануелни или DSG менувачи со пет, шест или седум степени на пренос, во зависност од моторот.
Мудро распределените и пополнети пакети опрема и цената која во Македонија стартува од 19.536 евра се уште еден адут со кој располага Leon. Друг адут е што сето ова се надополнува со неговите верзии лансирани под амблемот на ново креираната марка Cupra.
>>Повеќе за Изборот, онлајн гласањето, критериумите и сите досегашни победници посетете ја страницата: www.coty.mk <<