EV
Уште нешто ново од Maserati
Кога нема – нема, но кога има…
Долго време сé чекаше на некој новитет на Maserati, за Италијанците годинава да нé поплават со новости.
Така после обновениот Ghibli, новите верзии на Quattroporte и Levante и вчерашната премиера на суперспортскиот MC20, Maserati најавува и други новитети.
Овој конкурент на Porsche Macan ќе биде базиран на Giorgio платформата која ја користат Alfa Romeo Giulia и Stelvio и заедно со нив ќе се произведува во фабриката на групата Fiat во Касино.
Што се однесува до моторите се знае дека ќе се нуди со електричен погон, некои поранешни информации споменуваат и плаг-ин хибридна комбинација, но сигурно ќе биде понуден и со мотори со внатрешно согорување.
Покрај Grecale, Maserati идната година ќе ја поднови својата гама и со отворена верзија на MC20 и наследниците на GranTurismo и GranCabrio, базирани на прекрасниот концепт Alfieri (на сликата долу).