Во светот

Успешна година за Kia

Објавено на

 

Kia успешно ја одработи 2021 година, а за оваа најави уште поамбициозни планови.

Од корпорацијата објавија дека минатата година вкупно продале 2.777.056 возила, што е за 6,5 отсто подобро во однос на 2020 година.

Продажбата на Kia посебно добро помина на меѓународните пазари каде е забележан раст од 9,1 отсто и се пласирани 2.242.040 возила.

Најпопуларен модел во 2021 година беше Sportage кој најде 363.630 нови купувачи, следен од Seltos (298.737) и Forte (240.627).

Во 2022 година Kia очекува да продаде 3,15 милиони возила – 562.000 во Јужна Кореја и 2,59 милиони возила на останатите пазари ширум светот.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.