Во светот
Уникатниот Bugatti La Voiture Noire подготвен за испорака
Повеќе од две години и вкупно 65.000 работни часа требаа Bugatti да го подготви овој автомобил вреден 11 милиони евра, без давачки.
Претставен на салонот на автомобилите во Женева во 2019 година, Bugatti La Voiture Noire тогаш беше најскапиот нов автомобил на пазарот.
Овој уникатен хиперспортист направен на основа на Chiron целосно изработен од карбонски влакна го има неговиот W16 мотор кој потпомогнат со четири турбо полначи испорачува 1.500 КS и 1.600 Nm.
Инспирација за него е пронајдена во далечното минато на марката, во легендарниот модел Type 57 SC Atlantic произведен во раните триесетти години од минатиот век.