EV

Унапредениот Kia Stinger во Европа до крајот годината

Објавено на

Престижната спортска лимузина со освежен дизајн и мноштво нови технологии и безбедносни унапредувања со кои ќе го зацврсти својот гран-туризмо карактер, во Европа ќе пристигне до крајот на годинава.

Како автомобил фокусиран на уживањето во возењето, Stinger и понатаму делува авангардно поставувајќи нови стандарди во Kia. Новата тигровата маска е сместена меѓу LED светла со остри линии насочени на напред кои на возилото му даваат high-tech изглед.

Задните светла го „растегнуваат“ возилото по широчина и заедно со суптилниот спојлер сместен на работ на петтата врата креираат препознатлив визуелен и светлосен печат.

Внатрешноста во голема мерка остана непроменета, со поквалитетни материјали и суптилни измени кои доловуваат полуксузно чувство, како што се металик инсертите на управувачот, хромираните рабови на инструмент таблата или внатрешниот ретровизор без рамка.

Од почетокот на продажбата во 2017 година, во Европа се продадени околу десет илјади примероци на Stinger, најмногу со најсилниот 3,3 литарски T-GDi твин-турбо шестцилиндричен бензински мотор со 370 KS.

Затоа и унапредениот модел ќе биде на располагање исклучиво со овој агрегат, кој стандардно во комбинација со осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала го забрзува до 100 km/h за 4,9 секунди.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.