Актуелен Миг

Улицата Орце Николов затворена за сообраќај

Објавено на

 

Започнуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата Орце Николов, заради што таа ќе биде затворена за сообраќај во наредните два месеца.

Третата фаза од градежните активности предвидува целосно нејзино затворање од раскрсницата со улицата Наум Наумовски Борче до влезот на паркингот пред општина Центар.

Пристапот до Боемска улица ќе биде затворен, а улицата Михаил Цоков ќе биде пренаменета во двонасочна и возилата што доаѓаат од Илинденска ќе се движат низ паркинг-просторот.

Аминта Трети останува двонасочна, а таков режим ќе се воведе и на Отон Жупанчиќ каде паркирањето ќе биде забрането.

Улиците Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Радњанска, пак, ќе бидат еднонасочни но во спротивна насока од сегашната.

Овој сообраќаен режим ќе се применува до започнувањето на четвртата фаза, кога ќе биде променет со соодветен на работите што се изведуваат.

Целосната реконструкција на улицата ќе се одвива во шест фази.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.