EV
Турскиот TOGG подготвен за производство [видео]
Првиот турски автомобил е на само чекор од сериското производство.
Потврдата за ова која дојде од страна на компанијата TOGG е поткрепена со фотографии на првата каросеријата чие склопување е рачно завршено.
Од страна сепак се гледаат роботите кои на почетокот на идната 2022 година, за кога е планиран почетокот на производството на TOGG, ќе бидат во функција.
Брзиот напредок на работите е доказ дека турската автомобилска индустрија, здружена во конзорциумот TOGG со помош на државата, е способна да креира сопствен производ.
Овој електричен SUV најавен во 2018-тата, на голем гала-настан на кој присуствуваше и претседателот Реџеп Таип Ердоган беше претставен кон крајот на 2019 година.
После него планирано е до 2030 година да следат и други модели, меѓу кои и компактен седан и кросовер од Ц-сегментот.
Според проценките на економските аналитичари, 75 отсто од компонентите на возилата од марката TOGG ќе бидат од домашни добавувачи, а 25 отсто ќе се увезуваат од компании од Европа и Азија.