Во светот
Тукушто претставено: Maserati MC20 (ВИДЕО)
Maserati влезе во нова ера – MC20 е она што на марката одамна ѝ требаше.
Се чекаше долго на него, но оправдано – MC20 или MMXX како што Maserati го вика, е новитет меѓу спортските автомобили каков што светот одамна нема видено.
Заслугите за тоа не се само на сметка на традиционално одличниот италијански дизајн, туку и заради она што се крие под витката силуета.
Пред сé централно сместениот Nettuno мотор за кој најмногу ќе се зборува бидејќи овој 3,0 литарски твин-турбо V6 е посилен и од V8 машините на Ferrari благодарение на бројните иновации, повеќето пренесени директно од формула 1.
Тоа се на пример системот за палење со две свеќички и преткомори, двојното вбризгување, но и аголот меѓу банките цилиндри од 90 степени. Дава 630 KS и 730 Nm, усогласени со 8-степениот менувач за врвни перформанси и големо задоволство во возењето.