EV
Три награди за Peugeot на „Automobiles Awards“
На онлајн церемонијата на Automobiles Awards одржана во Париз, на Peugeot 3008 му беше доделена наградата „Автомобил на годината 2020“, Peugeot е-Expert ја прими специјалната награда од жирито, додека PEUGEOT беше именуван како „Бренд на годината“.
Во своето трето издание, Automobiles Awards имаше за цел да ги награди најистакнатите производители и најиновативните производители на опрема во моментот. Оваа година, жирито со кое претседаваше Арно Дукрет ги избраа победниците во повеќе категории.
Само наградата „Автомобил на годината 2020“ ја додели јавноста, која го номинира најистакнатиот автомобил на годината од сите категории заедно.
На гласањето на кое учествуваа над 245 илјади гласачи, од единаесетте кандидати кои беа во конкуренција изедначена борба водеа новиот Peugeot 3008 и Porsche 911 С.
Peugeot 3008, претставен во септември минатата година, со својот нов дизајн во кој доминира редизајнираниот преден дел како и новите Full LED задни светла, ја претставува новата ера на модерност на марката.
За реализација на мотото “Моќта на избор“ и да се усогласат задоволството и ефикасноста при возење како опција се нудат бензински или дизел мотори, но и електрифицираниот плагин хибрид.
Во категоријата комерцијални возила, новиот е- Expert ја освои специјалната награда од жирито. Со својот 100% електричен мотор тој е совршен пример за „Моќта на избор“.
Новиот e-Expert нуди две нивоа на капацитет на батериите кои со максимална автономија (според WLTP) до 330 km, со што се овозможува неограничен пристап до централните градски подрачја.
Брендот PEUGEOT ја освојува наградата „Бренд на годината“, награда која ја доделуваат генералните бренд менаџери на 39 учесници во изборот.