EV
Три награди за Jaguar I-PCAE на World Car Awards 2019
Целосно електричниот Jaguar I-PACE доби тројна круна на World Car Awards 2019. Освен највредните титули, 2019 World Car Of The Year и World Car Design Of The Year, тој беше именуван и за World Green Car.
Последната победа, World Green Car, I-PACE ја доби на меѓунардниот салон за автомобили одржан во Њујорк, New York International Auto Show.
Жирито составено од 86 стручни новинари од 24 земји во светот, по само неколку недели откако ја освои титулата, Европски автомобил на годината, ја надополнува сликата за SUV-от на Jaguar како најпосакувано премиум електрично возило во светот.
„Голема чест е што Jaguar I-PACE ги доби овие три признанија од престижната жири комисија за автомобили во светот. Ние почнавме со еден идеал, да се движиме кон нашата визија destination zero – нула емисии, нула несреќи и нула метеж.
Наградите на I-PACE за 2019 World Car Of The Year, World Car Design Of The Year и World green car се признаниja кое нашето прво електрично возило го заслужуваше“ – изјави д-р Ралф Спет, генерален директор на Jaguar Land Rover.
До денес, преку 11.000 потрошувачи во над 60 земји од целиот свет ја имаат добиено својата нарачка.
Неговата комбинација на перформанси како спортско возило, нулта емисија на издувни гасови, исклучителна префинетост и вистинска SUV практичност прават I-PACE да ја прави разликата во однос на конкурентите.
„Електричните возила им нудат на дизајнерите невидена слобода да ги обмислат пропорциите, профилот и обликот и е можност што мојот тим го искористи во целост.
Вистинско признание за нивната работа беа токму овие освоени награди“ – изјави Иан Калум, дизајн-директор на Jaguar.