Во светот
Три децении Astra – Ѕвезда за демосот
Astra ја продолжи успешната компактна приказна започната од екстремно популарниот Kadett. Следеа пет генерации кои верно им служат на речиси 15 милиони лубители на марката.
Во 1991 година, Opel Astra ја наследи традицијата на пионерски иновации во сегментот на компактни автомобили и широко ги направи достапни за пошироката јавност отколку што тоа беше случај со Opel Kadett.
Тие вклучува експресивен дизајн, разновидност, динамично возење и возбуда, и сето тоа изработено според германската прецизност. Што е најважно сето тоа беше достапно за почироката публика.
Името Astra дебитираше во 1991 година
Кога Opel Astra прв пат ја доживеа својата светска премиера во 1991 година, светот беше во период на транзиција. Ние исто така. Новата генерација на компактниот модел на Opel целосно го отелотвори духот на новото време.
Се здоби со ново име, Аstra – под исто име го произведуваше и Британската дивизија, Vauxhall – и серија новоразвиени безбедносни системи, кои започнуваа од затегнувачите на предните појаси.
Интерно познат како Astra F, тој исто така се фокусираше на еколошката компатибилност, со високо ниво на рециклирање. Интересот на купувачите беше изразен преку масовна посета на продажните салони.
Со самото тоа што Оpel помеѓу 1991 и 1997 година произведе околу 4,13 милиони единици, Аstra F се устоличи како најпродаван модел на брендот досега.
1997: во Руселсхајм веќе е подготвена Астра G
Успехот на Astra F беше тешко да се надмине, па кога дојде до следната генерација, Брендот се соочи со сериозен предизвик: мораше да создаде нешто многу поразлично од другите. Тимот задолжен за стајлинг при создавањето на Astra G соработуваше дури и со креаторите на филмот “Jurassic Park”.
Притоа дизајнерите користеа компјутерска програма за помош при дизајнирање (CAD) наречена АLIAS, која првично беше развиена за компјутерски анимирани филмови, како што беше холивудскиот блокбастер.
Софтверот му овозможи на тимот да работи на новиот модел во виртуелна, тродимензионална средина.
Astra H
Самата Astra H постигна скоро блокбастер статус во 2003 година. За време на премиерата на третата генерација на моделот во Франкфурт IAA, угледниот германски автомобилски магазин „auto motor und sport“ ги праша читателите кој компактен автомобил им се допадна најмногу на саемот. Новиот Opel победи убедливо со 52 проценти од гласовите.
Astra J
Со четвртата генерација, Opel ја прескокна буквата „I“ за да избегне забуна со бројката „1“. Така, Astra J беше таа што во 2009 година презема напредни технологии од поголемата Opel Insignia и за прв пат ги пренесе во компактната класа.
Благодарение на предните светла AFL+, Astra можеше да се забележи на свиоци, додека предната камера Opel Еye не само што ги препознаваше сообраќајните знаци, туку можеше да ги предупреди возачите доколку се изложени на ризик да ја преминат лентата.
Осветлување на патот: со Intellilux LED® matrix предни светла до наградата „автомобил на годината“!
Opel Astra K
Продолжувајќи ја долгогодишната традиција, Astra K исто така се истакна со својата технологија за осветлување.
„Европски автомобил на годината за 2016“ кој беше првиот што воведе адаптивни Intelli-Lux LED® предни светла кај возилата од компактниот сегмент, може да се пронајдат само кај луксузните и премиум моделите од повисоките класи.
Покрај тоа, кај новата Astra K уште еднаш е водена грижа и за здравјето – воведени се ергономски предни седишта сертифицирани од AGR (Aktion Gesunder Rücken/Кампања за поздрав грб).
Седиштата може дури и да се подобрат со функции за вентилација и масажа, слично на денешната сосема нова Astra.
Шеста генерација на Аstra ја видовме оваа година
Со објавувањето на моделот во 2021 година, Opel Astra влегува во својата шеста генерација и започнува уште една нова ера.
За прв пат, автомобилот од компактна класа ќе биде достапен со електричен погон, како plug-in хибрид во две нивоа на изведби. Покрај тоа, ќе има и верзии со високо ефикасни бензински и дизел мотори.
Целосно новата Opel Astra го прикажува новиот дизајн на германскиот производител на автомобили – смел и чист, со новото лице на брендот Opel визирот и дигиталниот кокпит Pure Panel.