EV
„Тргни-застани“ со фабриката на Tesla во Германија
Ќе ја биде ли воопшто фабриката што Tesla ја гради во близината на Берлин? Очигледно веќе никој не може со сигурност да одговори на тоа прашање, па дури ни Tesla.
Имено, откако судот делумно дозволи да продолжи чистењето на шумата на спорната локација каде змиите хибернираат, градежните работи повторно запреа, овојпат од сосема поинакви причини.
Депозитот е потребен за покривање на трошоците за рушење на фабриката доколку не се добијат сите потребни одобренија, бидејќи сегашните се прелиминарни. Сега Tesla има рок до 4 јануари да ги искешира парите, инаку никој не знае со што може да се соочи.
Она што се знае е дека еколозите сигурно нема така лесно да се откажат од своите обиди да ја запрат изградбата на фабриката по секоја цена, бидејќи, како тврдат тие, таа го загрозува дивиот свет кој живее во шумата.
Обидот со спасувањето на змиите не им успеа целосно бидејќи не доставија доволно докази за целото подрачје каде се гради, по што судот привремената одлука за стопирање на градбата ја ограничи само на дел од земјиштето.
Tesla амбициозно планира до средината на идната година да започне со производство во својата европска фабрика, која би имала капацитет за 500.000 автомобили годишно.