Доверба беше главна тема на забавата која ја организира Mercedes-Benz (Товарни возила) која се одржа во салонот на Мак Аутостар, официјалниот застапник на марката за Р. Македонија.
Врвни специјалитети на храна, пијалоци, познати музички изведувачи, бројни претставници на медиумите, како и од најголемите транспортни претпријатија во Макединија беа главните актери, кои сите заедно и на највисоко можно ниво, уште еднаш ја демонстрираа довербата во Мак Аутостар.
„Довербата лежи во срцето на силна врска која години наназад ја воспоставуваме со нашите пријатели, соработници, клиенти и стануваме нивни вистински партнери“, изјави директорот на Mercedes-Benz Товарни возила, Михаило Зографски.
Со цел зајакнување на оваа долгогодишна врска и проширување на Mercedes-Benz семејството, Мак Аутостар излезе со нова, атрактивна, финансиска лизинг понуда за набавка на камион-влекач од моделот Actros, за што на располагање се две опции или со учество од само 10.000 евра или со ниска каматна стапка од само 2,99%.