Во светот
Тешка но неопходна одлука
Управниот одбор на Groupe Renault одобри потпишување на спогодба за продажба на сите акции кои ги поседува во Renault Russia.
Пандемијата предизвика огромни промени во географијата на производните погони. Тоа како да не беше доволно, па сега воената акција на украинска територија додатно ги драматизира состојбите.
Посебно оние кои имаа заеднички вложувања со руските компании. Француската групација Renault поготово.
На рускиот пазар под ознаките на групацијата Renault Russia излегуваат на улица речиси третина од сите новопродадени возила.
Под притисок на санкциите и недостатокот на компоненти беше за очекување дека групацијата Renault ќе претрпе драматични организациски промени.
Исто така, уделот од 67,69% во инситутот за истражување и развој на автомобили и мотори НАМИ да отидат на контото на AvtoVAZ. За извршените трансфери Управниот одбор не поставил никакви услови.
Според постигнатата спогодба, во текот на следните шест години Renault може да го откупи својот удел во AvtoVAZ. Првиот човек на Renault, Лука де Мео, изјави дека е донесена тешка но неопходна одлука одговорно да се постапи кон сите 45.000 вработени во Русија.
Како што беше порано најавено, спогодбата е направена со неготовинско ускладување во износ на сметководствената вредност консолидирана од нематеријален имот, недвижнини, производствените капацитети и опрема на групацијата која ќе биде евидентирана со резултатите за првата половина за годинава.